Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири мерки за минување на возила на црвено светло, 57 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, три за возење под дејство на алкохол, 26 мерки за непрописно паркирање.
МВР aпелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.