Темен режим Режим на светлина

Претрес во Скопје, приведен дилер на дрога

Насилник во Кисела Вода, пукал со пиштол во домот и ги малтретирал сопругата и трите ќерки Насилник во Кисела Вода, пукал со пиштол во домот и ги малтретирал сопругата и трите ќерки

Во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје бил приведен 20-годишен скопјанец.

„ По претходно добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во дом на подрачјето на Центар, во кој живее Д.М., при што биле пронајдени поголемо полиетиленско пакување со марихуана и електронска вага“ соопшти МВР.

Д.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

„Си беше една шума“ на првиот ден од „Соларни кина“ во Кинотека на Македонија

Следна објава

Во Скопје санкционирани 148 возачи , 33 за брзо возење