Темен режим Режим на светлина

Нови мерки: Вработените во јавниот сектор на работа со најмалку една доза вакцина

Најмалку со една доза вакцина ќе треба да бидат вакцинирани вработените во јавниот сектор за да може да одат на работа, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Утринава тој ги соопшти новите мерки кои до Владата ќе ги предложи Комисијата за заразни заболувања.

– Комисијата и предложи на Владата сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции под овие владини институции за одење на работа да прикажат најмалку една примена вакцина или да имаат негативен ПЦР тест, кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или потврда за прележан Ковид, не постар од 45 дена, порача Филипче.

Како што кажа Филипче од мерките се изземени случаите на ретки имунолошки состојби.

-Тоа се ретки имунолошки состојби за што ние ќе излеземе со соодветна листа на болести, рече Филипче.

Друга мерка која е предложена е задолжителна вакцинација за сите вработени во здравството.

-Дополнително на приватните работодавачи ќе им се препорача да побараат од нивните вработени да се вакцинирани за да одат на работа. Мерките ќе почнат да важат десет дена по одржување на владината седница, на која ќе бидат прифатени мерките, потенцира Филипче.

За контрола на оваа мерка министерот предлага да се назначи одговорно лице, кое ќе ги проверува документите при влез на работното место.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Здивени возачи - внимавајте, министерот Маричиќ најави закон

Следна објава

Филипче ги средува ли болниците или насочен е само кон невакцинираните?