Темен режим Режим на светлина

Светот организира тури на Месечината, ние ќе почнеме да градиме пруга кон Бугарија напролет

Во финална фаза се процедурите од тендерската постапка и напролет ќе почне изградбата на пругата кон Бугарија, најави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

За двете делници во игра се осум компании. На почетокот на годината се очекува да се склучат договорите со избраните компаниите.

– За првата делница Куманово – Бељаковце имаме три заинтересирани фирми, за втората делница Бељаковце – Крива Паланка имаме пет заинтересирани компании. Нашите и моите очекувања се дека во текот на јануари ќе можеме да потпишеме и договор и кон крајот на првиот квартал, односно напролет 2022 година да започне да се гради пругата кон Бугарија. Тоа е многу значајно и со инвестиција од околу 200 милиони евра првата и втората фаза ќе влезат во реализација. Исто така, децениски проект којшто денеска се решава и денес продолжува со градба, вели Бочварски.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Трајко Славески ќе преседава со Советот на Град Скопје, го поддржале и советниците од ЛДП и ДОМ

Следна објава

Останува наставата со физичко присуство, бројот на позитивни ученици е мал, вели Царовска