„Си беше една шума“ на првиот ден од „Соларни кина“ во Кинотека на Македонија

По повод Европската недела за намалување на отпадот, на 22 ноември, со проекција на филмот „Il etait une foret – Си беше една шума“, почнува првата манифестација во Кинотека на Македонија, „Соларни кина“.

На настанот ќе биде промовирана и т.н. еко-иновација „Мобилна станица за селекција“, која овозможува селектирање на 6 вида отпад хартија, пластика, текстил, батерии, стакло и лименки. На станицата ќе има приклучено соларни панели кои овозможуваат кино проекции.

Влезот во Кинотеката ќе биде отворен од 11 часот, а како влезница потребно е посетителите да носат нешто што може да се рециклира, односно, хартија, пластика, текстил, батерии, стакло и лименки, како и ковид сертификат. Проекцијата на филмот почнува во 12 часот.

Претходна вестИ „Нетфликс“ ќе им симне капа: По „Влада Заев III“, во најава е „Влада Заев IV“…
Следна вестПретрес во Скопје, приведен дилер на дрога