Се нижат награди за „Стела“: Сребрена плакета на детски филмски фестивал во Индија

Уште една награда за првиот македонски игран филм за деца – „Стела“. Овој пат се работи за сребрена плакета на фестивалот Chinh India Kids Film Festival.

Филмот е во режија на Стојан Вујичиќ, а главен лик е куче – шарпланинката Стела. Првпат на долгометражен филм игра младиот Петар Маниќ, а учествуваат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Горѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, монтажер е Данчо Стефков, а композитор Оливер Јосифовски од групата „Љубојна“.

Фестивалот „Chinh India Kids Film Festival“ е инициран по повод 60-годишнината од независноста на Индија, со цел да се слави знаењето, идеите и перспективите за културата и образованието во контекст на детскиот развој.

Претходна вестОд каде е оптимизмот на Владата дека Бугарија ќе ja крене рампата кон ЕУ?
Следна вестДенес не очекува променливо облачно време, од понеделник дожд