Празник за душа и очи: Изложба за Бигорскиот манастир во Музејот на македонската борба

„1.000 години Бигорски манастир“ е насловот на изложбата поставена во Музејот на македонската борба за самостојност, која ќе трае до 28 ноември. Посветена е на Бигорскиот манастир и реализирана е во соработка со ансамблот „Македонија“.

– Дел од изложените материјали се и осум олтарни, две чудотворни, две тронски икони, кивот од капакот на моштите, како и особено драгоцени и вредни предмети од 18, 19 и 20 век – митра, игуменски крст, епетрахил, жезол, рипиди со серафими – соопшти Музејот.

Богатата историја на манастирот датира од 1020 година, кога бил основан од монахот Јован. Во 16 век манастирот бил разурнат од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останала само мала црква, а повторно е обновен во 1743 година од јеромонахот Иларион, кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време. Манастирот бил изграден од бигор, оттаму потекнува и неговото име Бигорски.

Бигорскиот манастир е комплекс што го сочинуваат манастирската црква, која е посветена на Свети Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплекс манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци. Иконостасот во манастирската црква е еден од најубавите во земјава, но и пошироко.

Претходна вестПолитичките пазарења поважни од ценовните шокови, покачувањето на струјата…
Следна вестПрофесор Јовевски: Оние кои ќе принудуваат вработени на вакцинација спротивно на нивната волја ќе бидат и кривично одговорни