Уште 10 дена може да се конкурира за „Литературна награда 2022“

Уште десеттина дена, односно до 3 декември, трае рокот за учество на конкурсот за литературна награда 2022, што ја доделаува Европската банка за обнова и развој во соработка со Британскиот совет.

Како што и пред отворањето на конкурсот беше најавено, можат да учествуваат дела преведени на англиски јазик, објавени за прв пат во периодот од 15 ноември 2020 година до 14 ноември 2021 година, од европски издавач (вклучувајќи ја и Велика Британија), со валиден меѓународен стандарден број на книга (ISBN) и цена во валута на земја од Европската унија.

Првата награда е 20.000 евра, а втората награда 4.000 евра. Доставените дела мора да се состојат од книги на преведена литературна белетристика (вклучувајќи збир на кратки приказни од еден автор).

Веќе е позната и комисијата што ќе го врши изборот, претседател е Лихтих (Toby Lichtig ), а членови се Алекс Кларк (Alex Clark), Борис Дралјик (Boris Dralyuk), и Кетрин Марфи (Kathryn Murphy).

Деталите за пошироко селектираните автори ќе бидат објавени во март 2022 година, а тројцата финалисти во мај 2022 година.

Претходна вестВтор ден од пукањето во училишен двор во Бутел: Што чека МВР?!
Следна вестОблачно со локален дожд, кон крајот на денот облачноста ќе се намалува