Промоција на „Уништување“, најновото од Божидар Божиновски

Утре, на 2 декември, со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана новата книга на Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон, „Уништување“. Промоцијата ќе се случува во Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“.

Ова е трета книга на Моџо Килингтон во рамките на едицијата „Во еден здив“. Првите две се стихозбирката „Аутопсија на љубовта“ (2019) и романот „Денот кога не се разбудив“. Клучното прашање во најновата книга е дали вреди да добиеме втора шанса во животот и како најлесно си го уништуваме?

-Главниот протагонист во „Уништување“ е четириесет и двегодишниот доктор Јан Рајсберг, сопруг на Марија, татко на Лотар и Ана, кој еден ден дава отказ. Се гледа во огледалото во тоалетот на еден бар и се прашува: „Кој сум јас?“ Тагата повеќе сликала на неговото лице, а се чини дека среќата не ја ни допрела четката… Изгледаше… Поинаков. Тоа не беше човекот кој го знаеше. Ниту човек кој сака да го запознае. Тоа беше маска на еден минат живот на кој му стави крај кога уринираше врз фикусот на директорот на клиниката. Првата вечер кога се почувствува слободен, ја поминува во ќелија во полициската станица каде што запознава млада девојка. Следуваат ноќи исполнети со забави,алкохол, дрога и секс…се вели во објаснувањето за содржината.

Божиновски е писател, сценарист, активист на социјалните мрежи. Препознатлив е по популарната македонска комична телевизиска емисија „Фчерашни новости“. Работи и како сценарист на серијата „Преспав“.

Претходна вестЗлоупотреба на матичните лекари: Ни возач во автобус не продава билети?
Следна вестВладата немаше други теми за расправа околу матичните лекари?