Почнува неделата на полски филм во Кинотека на Македонија

Следната недела почнува „Недела на полскиот филм“ во Кинотека на Македонија, која ќе трае од 17 до 24 декември. Љубителите ќе можат да уживаат во 6 нови филмови на полската кинематографија.

Седмицата посветена на полскиот филм ќе биде отворена со најновиот филм на Јан Матушински, „Не оставајте траги“, кој беше и кандидат за Оскар.

Ќе бидат прикажани и филмовите на авторите Агњешка Холанд, Јан Матушински, Јан Комаса, Малгоржата Шумовска, Марија Садовска и Томаш Василевски.

Претходна вестЗаев со Гаши тргнаа кон ЕУ, ама Софија уште еднаш го запечати ветото
Следна вестАрсовска: Можен е референдум за јавниот превоз во Скопје, решението на Шилегов има недостатоци