Заев со Гаши тргнаа кон ЕУ, ама Софија уште еднаш го запечати ветото

Официјална Софија го запечати бугарското вето за Македонија. Џабе премиерот во оставка Зоан Заев ширеше оптимизам, а и се договараше со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши како заедно ќе не внесат во предворјето на ЕУ до Нова Година. Дури и еден друг пратеник смени мислење и дрес само оти во декември ќе сме влегле во ЕУ – така му кажала жена му.

А пазарењето на Заев со Гаши почна откако пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, не се појави на собраниската седница за да гласа за недоверба на владата. Откако цел ден го немаше никаде, па лидерот на неговата партија Биљал Касами го пријави дури и во полиција, Реџепи се јави со видео на Фејсбук да каже дека „висок функционер на ЕУ му потврдил дека датум ќе сме добиеле на 14 декември, па затоа одлучил да не се појави и да гласа за недоверба“. Јавноста никогаш не разбра кој е тој висок функционер, за да по неколку дена, самиот Реџепи во интервју каже дека неговата сопруга го слушнала францускиот претседател Емануел Макрон како зборува за датум за Македонија.

Така владата на Заев преживеа, а тој почна да преговара со првиот човек на Алтернатива, кој до моментот „Реџепи“ беше на страната на опозициската коалиција за уривање на актуелната власт на ДУИ и СДСМ.

Сега ќе мора да се дава некакво ново објаснување дека „датумот“ ќе дојде веднаш во новата година. Важно е мнозинството да владее, другото ќе почекаме.

Претходна вестАлександар Митевски и Дац се кумовите на Бадник во Скопје
Следна вестПочнува неделата на полски филм во Кинотека на Македонија