55-годишен јубилеј денеска слави Факултетот за музичка уметност

Со концерт во фоајето на Македонската опера и балет вечерва, Факултетот за музичка уметност го слави 55-годишниот јубилеј од своето основање.

Големиот јубилеј ќе биде одбележан со настап на студенти – врвни потенцијални професионални уметници, едуцирани од докажани професорски имиња.

Па така дел од сцената ќе бидат младите од класите на професорите Марија Муратовска Наумовска, Драган Даутовски, Зорица Каракутовска, Нинослав Димов, Марија Ѓошевска, Горан Начевски, Весна Ѓиновска-Илкова, Фросина Балова, Соња Здравкова-Џепароска, Искра Шукарова, Дарко Багески, Кристина Светиева, Сара Пројковска, Андријана Јаневска и Бобан Ковачевски.

Концертот почнува во 20 часот.

Претходна вестЗошто токму сега повторно се зборува за нови истраги за „Монструм“ и „Диво насеље“?
Следна вестКога ќе бидат објавени решенијата кои Заев и Бучковски ги нудат на Бугарија?