Зошто токму сега повторно се зборува за нови истраги за „Монструм“ и „Диво насеље“?

Зад драмата околу повторно отворање на случаите „Монструм“ и „Диво насеље“ и прашината што се крева околу т.н. меѓународна експертиза што по нарачка на Владата ќе се правела за нив, всушност се протнаа речиси 50 функции што премиерот Зоран Заев и ги даде на Алтернатива за да му обезбеди минимално мнозинство.

Зошто токму сега повторно се зборува за нови истраги за „Монструм“ и „Диво насеље“? и Колку ќе чинат меѓународните експерти што ќе работат на случаите?

Дел од правниците веќе реагираа на социјалните мрежи дека е невозможно да се отвораат истраги за предмети за кои има пресуди, дека министерот за правда треба да си даде оставка, а не да молчи за ваквите одлуки, но и дека е апсолутно нејасно зошто воопшто би ги плаќале меѓународните правни експерти ако тие никако не можат да влијаат на пресудите за конкретните случаи.

„Монструм“, „Диво насеље“ некако стануваат тема секогаш кога треба јавноста да се дефокусира од други сериозни проблеми. А такви одлуки очигледно следат. Впрочем, и во изјавата од своето последно појавување на премиерот е јасна пораката дека „сега било идеално време да се реши проблемот со Бугарија“. А условите под кои Бугарија ќе се сложи да го тргне ветото за македонскиот почеток на преговори со ЕУ, се јасни, но и спротивни со Резолуцијата и црвените линии – што во врска со ова прашање се донесоа во македонскиот парламент.

Претходна вестВестите често се деструктивни, со нагласена интенција да заплашат, загрижат и растажат
Следна вест55-годишен јубилеј денеска слави Факултетот за музичка уметност