„Нема да бидеш сама“ на Столевски влезе во топ селекцијата на филмскиот фестивал „Санденс“

„Нема да бидеш сама“, или во оригинална форма „You won’t be alone“, хорор филмот на Горан Столевски влезе во топ селектираните филмови на фестивалот „Санденс“. Манифестацијата почнува на 20 јануари, и ќе трае 10 дена, а филмот, кој е инаку австралиска продукција, премиерно ќе се прикаже во неколку термини од 23 до 28 јануари.

Станува збор за натприроден хорор сместен во изолирано македонско планинско село, а приказната што се одвива во 19 век прикажува девојче кое е украдено од својата мајка и претворено во вештерка.

Шведската актерка Нуми Рапејс инаку позната по филмовите „Девојката со тетоважа на змеј“ и „Прометеј“ ја толкува главната улога во филмот, а во него се појавуваат и македонските актерки Сара Климоска, Ирена Ристиќ и Верица Недеска.

Инаку, ова е дебитантски долгометражен филм на македонскиот режисер кој живее и работи во Австралија и со него Столевски по вторпат влезе во номинациите на престижниот Санденс фестивал.

Претходна вестЗошто Заев не излегува да објасни што и одговориле на Бугарија?
Следна вестСе помалку брачни партнери се подготвени да поднесат „жртва“ за да го зачуваат семејството