Злоупотреба на матичните лекари: Ни возач во автобус не продава билети?

Владата после 2 години пандемија, смета дека нашла начин како да ја стимулира вакцинацијата кај македонските граѓани. Вчера донесе одлука дека на матичните лекари ќе им дели финансиска поддршка од 30 денари, за секој пациент кого ќе го убедат да се вакцинира против ковид-19. Но, условот е да бидат убедени најмалку 70 отсто од пациентите евидентирани кај еден лекар.

-Оваа мерка е со цел стимулација на интересот за вакцинација за заштита од ковид -19 и за спречување на ширењето на пандемијата, велат од Владата.

Постојат неколку дилеми по ваквата одлука:

-Зошто дури сега Владата се одлучи на ваков чекор, а не на самиот почеток на вакцинацијата?
-Зарем ова не е злоупотреба на матичните лекари по принципот возач во автобус да им продава на патниците билети, кога неговата примарна функција не е тоа?

Матичниот лекар Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил, по одлуката на владата напиша:

-Дојди ти министер за 30 денари да натераш некого да се вакцинира! Нема пари што ќе ме натераат да убедувам пациенти да се вакцинираат 46 дена по прележување, а за сите останати т.е. невакцинирани и непрележани, со задоволство, љубов и „стимулација“ ќе продолжиме да работиме и едуцираме, вели Лазаров.

На крајот, остануваат неодговорените – а важни прашања, што демнат уште од почетокот на пандемијата: Зошто уште никој не направи анализа на смртноста кај луѓе со две дози примени вакцини? Зошто се намалува старосната граница на смртност, без никакви други болести? Дали природниот имунитет од прележан ковид е основа болеста да не го зароби истиот организам пак? Што е со протоколите за лекување на пациентите кои никогаш не се направија? Имаат ли матичните лекари мака кога државата треба да ја ублажи сега кога пациенти има многу?

Претходна вестНеколку часа центарот беше под полициска блокада поради пријава за лажна бомба во МНТ
Следна вестПромоција на „Уништување“, најновото од Божидар Божиновски