„Дрдорењата на Лапо“ на композиторот Џо Скитино вечерва во МОБ, со почеток во 20 часот

„Дрдорењата на Лапо“ на композиторот Џо Скитино, e операта што ќе биде изведена вечерва во Македонска опера и балет, по повод 700 години од смртта на големиот италијански поет Данте Алигиери.

Настаните што се случиле пред 700 години а се актуелни и денеска се пресликани во оваа опера, која е истовремено, и традиционална и современа.

Дејствието се случува во Фиренца каде Алигиери живеел и творел. На прес-конференцијата по повод изведбата на операта, композиторот Џо Скитино истакна дека музиката ги обединува луѓето и генерира култура, љубов и мир, а тоа како што посочи се многу важни елементи во музиката.

-Благодарен сум што Македонија му посветува големо внимание на Данте. Операта ја компонирав за време на пандемијата и ја направив така да може да биде изведена со намален состав на оркестарот и со малку изведувачи, но со максимален ефект. Тие малкумина изведувачи постигнуваат многу разновидни аспекти. Се работи за комплексно дело кое бара вируозност, не е составена од поединечни песни, туку е еден контиинуирана целина во која се менуваат атмосферите од конфликтни до комични , изјави Скитино.

Претходна вестКако илјадници админстративци со минимална плата да плаќаат ПЦР тест секој четврти ден?
Следна вестДо каде е истрагата за пеплосаната тетовска болница и изгорените 14 пациенти?