До каде е истрагата за пеплосаната тетовска болница и изгорените 14 пациенти?

И по 71 ден од трагедијата со трагичниот пожар во тетовската модуларна болница се уште не се знаат заврши истрагата  и не се разјасни до крај кои се причините  што живи да изгорат четиринаесет лица. Истрагата е во тек, се комплетираат вештачењата, се прибираат нови изјави, докази… е она што го соопштуваат надлежните органи, првенствено тетовското Основно јавно обвинителство. Зошто се тече така споро?

Вчера во јавноста се дозна дека минатата недела повеќе од десет лица сами се појавиле во тетовското обвинителство за да дадат искази за несреќета. Ова е невообичаено со оглед на тоа дека овие лица, меѓу кои се и пациенти кои лежеле во болницата во моментот на пожарот и успеале да избегаат и други граѓани, се пријавиле да сведочат дури по два месеца од пожарот, а Обвинителството до сега не ги барало? Од тетовското ОЈО објаснуваат дека „вооопшто не знаеле дека тие луѓе биле во болницата таа вечер“.

Целосното разјаснувањето на оваа трагерија е неопходно. Изгореа 14 пациенти. Ова не смее да се минимизира, става под тепих, остава на заборавот…

Инаку, според сознанијата, до сега биле готови две вештачења. Првото е на МВР кое утврдило дека прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат. Вториот извештај (за кој велат дека е готов) е од Технолошкиот факултет и кој треба да даде одговор за материјалите од кои е изградена болницата, односно, за тоа како се случило таа да изгори за неколку минути? Односно, да се види дали болничкиот објект бил граден според предвидените, огноотпорни, стандарди. Сега, практично, се чека уште на извештајот на германските експерти кои треба да го дадат свое видување за тоа како изгорела болницата.

Но, веќе е јасно дека истрагата многу се одолговлекува. Јавноста, пак, уште чека одговори како било можно толку надворешни лица да бидат во болницата, какви противпожарни стандарди биле испочитувани, дали се било во ред со тендерот врз основа на кој е определен изведувач на објектите… Сето тоа се прашања на кои треба да се даде аргументиран одговор за причините за ваквата трагедија. Односно, не смее да се дозволи случајот да заврши само со понудените оставки кои, гледаме, не се прифатени.

Затоа министерот Филипче (откако Заев му даде доверба и остана да го води министерството) мора да дава и објаснувања околу големата трагедија.

Претходна вест„Дрдорењата на Лапо“ на композиторот Џо Скитино вечерва во МОБ, со почеток во 20 часот
Следна вестФилипче и Караџовски ги слушнаа ли реакциите на експертите за нивните мерки?