Со концерт во Филхармонија на Македонија вечерва се одбележуваат два значајни јубилеи

„Филхармонија во срцето“ е насловот на концертот кој ќе се одржи вечерва во Филхармонија на Македонија. Оттаму соопштија дека со овој концерт се вклучуваат во чествувањето на два значајни јубилеи – 180 години од раѓањето на чешкиот композитор Антонин Дворжак и 160 години од раѓањето на рускиот композитор Антон Аренски.

Присутната публика ќе ужива во изведбите на солистите Елена Дојчинова – флејта и Владимир Лазаревски – обоа. Диригент ќе биде Дијана Имери Илкоска.

На програмата се „Варијации на тема од Чајковски“ од Аренски, „Серенада“ од Дворжак и „Класична суита“ за камерен оркестар, флејта и обоа од македонскиот композитор Томислав Зографски.

Претходна вестМногу објаснувања Филипче треба да даде околу вакцинираните, невакцинираните, вирусот…
Следна вестДесет години тапкајќи во место се повеќе потонуваме