И „Нетфликс“ ќе им симне капа: По „Влада Заев III“, во најава е „Влада Заев IV“…

Ништо околу оставката на премиерот Заев. Други теми сега се актуални во СДСМ и Владата. Прво бараат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да си даде оставка, а второ си имаат  сценарио што вчера, прилично самоуверено, го најави потпретседателот на СДСМ и министер Фатмир Битиќи, дека „наскоро ќе ја имаме „Влада Заев III“ предводена од премиерот“.

Објаснување пошироко од СДСМ нема. Од ВМРО ДПМНЕ пак и вчера му побараа оставка на Заев, оти како што велат ниту тој ниту владата немале легитимитет да владеат после изборниот резултат на локалните. Прашањето е како во ситуација во која нема парламентарно мнозинство Заев би можел да размислува за т.н. „Влада Заев III“? Веќе го има обезбедено и ќека погоден момент да го каже? Или пак премиерот е силно уверен дека скоро нема да ја напушти премиерската фотелја? Јавноста веќе е во креативен занес на социјалните мрежи, шегувајќи се на сметка на името на новата влада:

– Ова ти е нешто како научно фантастичен филм во обид да се врати популарноста на премиерот! Не се секирајте, ако не ви успее со „Влада Заев III“, обидете се со „Влада Заев IV“… го „изедовте“ и Нетфликс, коментираат луѓето на социјалните мрежи.

Но вистината и не е далеку. Битиќи најави и четврто продолжение на промените:

-Дали ќе имаме „Влада Заев IV“, зависи од следниот период и верувам дека ќе остане верен на одлуката за оставка, но во овој период Заев ни е многу важен и ни треба, вели потпретседателот на СДСМ.

Во меѓувреме, од ДУИ до вчера немаа став дали се очекуваат промени во редовите на интегративците како дел од реформата на владиниот кабинет. Алтернатива пак која беше силно против премиерот уште му нема одговорено на Заев, кој пред неколку дена преку телефонски разговор побара од Африм Гаши да го одреди денот кога сакаат да зборуваат за проширување на мнозинството.

Филм.

Претходна вестВо магацините на ГТЦ се „копале“ криптовалути, но не се крадела струја – втора акција на МВР за 3 месеци
Следна вест„Си беше една шума“ на првиот ден од „Соларни кина“ во Кинотека на Македонија