Темен режим Режим на светлина

Три земји на ЕУ со писмо до комесарката Каја Калас побараа расправа за преиспитување на Договорот со Израел

Три земји на ЕУ со писмо до комесарката Каја Калас побараа расправа за преиспитување на Договорот со Израел Три земји на ЕУ со писмо до комесарката Каја Калас побараа расправа за преиспитување на Договорот со Израел

Шпанија, Словенија и Ирска побараа од Европската Комисија да започне расправа за можна суспензија на Договорот за асоцијација меѓу Европската унија и Израел, објавија тамошни медиуми.

Имено, министрите за надворешни работи на овие три држави испратиле заедничко писмо до високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, во кое бараат итно преиспитување на одговорот на Унијата и поодлучна реакција во контекст на актуелната ситуација на Блискиот Исток, со посебен акцент на Либан.
Во писмото се изразува загриженост за мерките што ги презел Израел, за кои се наведува дека се спротивни на човековите права и претставуваат прекршување на меѓународното право.

Министрите ја повикуваат Европската Унија да преземе морална и политичка одговорност и да застане во одбрана на своите основни вредности, нагласувајќи дека не смее да остане пасивна пред вакви прекршувања.

Дополнително, се посочува дека израелскиот предлог-закон за воведување смртна казна за Палестинци претставува сериозно нарушување на човековите права и дополнително ја влошува ситуацијата во регионот.

Иако се поздравува прекинот на огнот во Либан, во писмото се нагласува дека се потребни силни и итни мерки, при што Европската унија треба да ги разгледа сите можни опции.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Ормутскиот теснец официјално е отворен, ама речиси и да нема пловидба

Заврши ли војната? Иран го отвори Ормутскиот теснец, цената на нафтата драстично падна, Трамп ликува...

Следна објава
Лајка со едукативен караван меѓу основците како да се биде одговорен сопственик на миленик

Лајка со едукативен караван меѓу основците како да се биде одговорен сопственик на миленик