Во скопската Зоолошка градина за првпат се родија-испилија пингвини

Во скопската Зоолошка градина за првпат се родија-испилија пингвини. Четирите бебиња пингвинчиња, како што информираа од зоолошката градина, се родиле во јануари од два пара родители.

– За првпат имаме бебиња пингвини и тоа вкупно четири. Бебињата дојдоа на свет на 06. 01, 07.01, 08.01 и 10.01 2023 година од два пара родители. Целиот период грижливо ги негуваа, а голем дел од денот со нив проаѓаа и татковците. Состојбата на малите пингвинчиња од видот хамболдт од ден на ден беше следена подеднакво и од нашите зоонегуватели Маја и Војо, како и стручни лица, велат од Скопската золошка градина.

Пингвините веќе се пораснати и големи се колку нивните родители. Веќе научија да пливаат и секојдневно се во базенот и надворешниот дел од живеалиштето, додаваат оттаму.

Претходна вестРашковски се спореди со Илон Маск: И тој ќе ја напишеше истата спецификација
Следна вестЛајчак: Ако нема ЗСО, нема ни договор меѓу Србија и Косово