Министерството за внатрешни работи информираше дека во СВР Скопје, од Затвор Скопје било пријавeнo дека во затворот починал осуденикот 41-годишниот Б.М. од Ресен, кој издржувал казна затвор.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, соопшти полицијата.