Во скопските ковид-центри се лекуваат 477 пациенти, голем дел се на кислородна поддршка

Во ковид-центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Инаку, вкупно се лекуваат 477 пациенти, голем дел од нив се на кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациенти, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 27 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 24 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести има 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.

-И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ ‘8 Септември’. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, соопшти МЗ.

Претходна вестПриведен скопјанец баран за убиство
Следна вестЗатворен угостителски објект во Дебар маало, имало 30 гости по 21 часот