Во сообраќајка на патот Битола – Кичево загина 25-годишна девојка

25-годишна девојка загина во сообраќајка на регионалниот пат Битола – Кичево. Во несреќата тешко е повреден и малолетник.

Вчера попладне во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево кај местото викано „Бели мост“ се случила сообраќајна незгода во која животот го загуби Ј. Г. (25 г.) која живее во демирхисарското село Белче.

Во сообраќајната незгода учествувало патничко моторно возило марка „мерцедес“ со демирхисарски регистарски ознаки управувано од Б.Г.(33) од селото Белче, демирхисарско, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата од здобиените повреди починала на лице место сопатничката Ј.Г.(25) од село Белче каде од страна на Итна медицинска помош е констатирано смрт, а кај малолетен сопатник кој е пренесен во Клиничката Болница-Битола констатирани се тешки телесни повреди.

Од страна на јавен обвинител издадена е наредба врз телото на починатата да се изврши обдукција.

Претходна вестКазнети 10 лица за возење без возачка, 74-ца возеле пребрзо
Следна вестПо повод Светскиот ден на театарот, публиката ќе може бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ во МНТ