Казнети 10 лица за возење без возачка, 74-ца возеле пребрзо

Во текот на вчерашниот ден забележани се голем број на сообраќајни прекршоци низ скопските улици. 215 биле лица биле санкционирани од кои дури 74-ца за пребрзо возење.

– Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече се вкупно 215 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за непрописно престројување на возила, 4 за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…, се вели во соопштението од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестСе слават Младенци, празникот на љубовта и младоста во спомен на мачениците од Севастија
Следна вестВо сообраќајка на патот Битола – Кичево загина 25-годишна девојка