Во Србија зголемуваат додаток за првородено дете на повеќе од 4.000 евра, за второ дете над 5.000 евра

Родителскиот додаток за првороденото дете во Србија ќе се зголеми од 378.000 на 500.000 динари (4.300 евра), во согласност со политиката на државата за зголемување на бројот на раѓања. За второ дете додатокот се зголемува на над пет илјади евра.

– Кога ќе се роди првото дете ќе добиваат од државата – и не зборувам за дополнителни бенефиции од локалните самоуправи – 500.000 динари, а за второто нема да добијат веќе 460.000 динари, туку 600.000 динари. За третото и четврто дете, тие мерки ќе бидат посериозни и ќе добијат повеќе пари, рече српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Белград на презентацијата на проектот „Скок во иднината 2027“.

Тој посочи дека мајките со уште повеќе деца ќе добијат дополнителни, посебни награди „да знаат дека се гордост на општеството и да не бидат предмет на потсмев и критика“.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: УЈП и Лукаревска нека не кажуваат „гачки“- како дозволиле скоро отворена компанија да побарува 11 милиони евра поврат на ДДВ
Следна вестБалтичките земји почнаа да градат бункери на границата со Русија