Балтичките земји почнаа да градат бункери на границата со Русија

Балтичките држави Естонија, Латвија и Литванија сакаат да ги обезбедат своите граници кон Русија и Белорусија од можни напади со помош на стотици бункери, изјавија денеска министрите за одбрана на тие земји. Министрите потпишаа договор во Рига според кој Естонија, Латвија и Литванија ќе градат одбранбени капацитети во наредните години за да се одвратат и, доколку е потребно, да се одбранат од воени закани, соопшти естонското Министерство за одбрана.

– Руската војна во Украина покажа дека освен опрема, муниција и војници, потребни се и одбранбени капацитети на границата за да се одбрани Естонија од првиот метар, изјави естонскиот министер за одбрана Хано Певкур.

Тој нагласи дека целта на одбранбените објекти е „да се спречи воен конфликт во регионот“.

– Го преземаме овој чекор жителите на Естонија да се чувствуваат безбедно, а доколку се појави и најмал ризик, би биле подготвени за различни сценарија, додаде Певкур.

Според пишувањата на медиумите, изградбата на објектите треба да започне во 2025 година. За ова првично се предвидени околу 55 милиони евра. Ќе се создаде систем на бункери и линии за снабдување.

Претходна вестВо Србија зголемуваат додаток за првородено дете на повеќе од 4.000 евра, за второ дете над 5.000 евра
Следна вестСе враќаат заборавените сексуално преносливи болести, нагло зголемување на бројот на заболени од сифилис и гонореја во Англија