Во среда пак прскање на комарците, ќе биде ли успешно?

Градот Скопје ги известува граѓаните дека петтата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 16.09.2020 година (среда), во раните утрински часови.

-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, односно кога ќе бидат поволни временските услови, се наведува во информацијата.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Колку ќе има ефект прскањето ќе видиме наскоро. Голем дел од скопјани не се баш задоволни од досегашните.

Претходна вестБоки 13 доби тужба од Јанева за 22 неовластено снимени фотографии, рочиштето одложено
Следна вестЈадно, не можат среде Карпош дива депонија од пиромани да заштитат