Почнувајќи од среда, на 15, 16 и 17 септември ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, во Старата скопска чаршија.
Се работи за мултимедијална и мултикултурна манифестација, која годинава се одржува по 15-пат, со идеја да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини.
Организаторите најавија богата програма со ликовни изложби, концерти, претстави, филмови, литература на повеќе локации во чаршијата.
Отворањето е во 20 часот во „Куршумли ан“ со концертот на „Тројца тенори“: Јосиф Ѓипали, Кастриот Туша и Мустафа Имери.