Во Струга приведен дилер од Албанија, запленети над 15 килограми марихуана

Полицијата во Струга уапси дилер од Албанија и заплени повеќе од 15 килограми марихуана.

МВР соопшти дека вчера околу 20.30 часот полициски службеници, на подрачје на Струга,  на околу два километри од ГП Ќафасан, пресекле канал за недозволена трговија со марихуана од Албанија во Северна Македонија и заплениле 16 пакувања со вкупна нето тежина од повеќе од 15 килограми, а го привеле Е.Х. (20) од Албанија.

Против него ќе биде поденесна кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и во текот на денешниот ден ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.

Претходна вестКаде брзале Аеродромци
Следна вестПрегазени двајца пешаци и се тешко повредени