Прегазени двајца пешаци и се тешко повредени

Две лица се тешко повредени во две одделни незгоди што се случиле во текот на вчерашото поплане.

Во 17.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола товарно моторно возило „Форд транзит“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.К.(42) од Битола, удрило во пешак С.А.(67) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.А. кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Во 17.50 часот, пак, на локалниот пат од село Турново кон село Штука, струмичко, патничко моторно возило „опел вектра“ со струмички регистарски ознаки управувано од К.Т.(58) од село Штука удрило во пешак В.Т.(60) од село Иловица. В.Т. бил пренесен во Медицински центар Струмица каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Претходна вестВо Струга приведен дилер од Албанија, запленети над 15 килограми марихуана
Следна вестПочинал работник додека извршувал работни задачи во локомотива