Темен режим Режим на светлина

Починал работник додека извршувал работни задачи во локомотива

На пругата помеѓу железничка станица „Агино Село“ и железничка станица „Дељадровци“, на С.В.(51) од с.Долно Коњаре, кумановско, кој извршувал работни задачи во локомотива, вчера му се слошило, по што од страна на С.Д.(63) од Куманово бил пренесен на железничка станица „Миладиновци“ каде од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 11.10 часот во СВР Скопје, а се случил дента околу 10.20 часот.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено во судска медицина за обдукција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Прегазени двајца пешаци и се тешко повредени

Следна објава

Приведен 24-годишен жител на Делчево за силување