Во три сообраќајки повредни тројца моторџии

Тројца возачи на мотоцикли се потешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи што вчера се случиле во Скопје и на регионалниот пат Гевгелија – Богданци, соопшти полицијата. Вчера околу 13 часот на улица „Лазар Личеновски“ А.М. (50) од Скопје управувајќи мотоцикл „апачи“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

-Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“, се наведува во информацијата.

Истиот ден, во 12,15 часот било пријавено дека во Скопје на бул. „Трета Македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “рено модус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.Л.(46) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Џ.(55) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Џ. констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

-На регионалниот пат Гевгелија-Богданци се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со полуприколка, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(55) од Прилеп и мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од Б.П.(78) од Богданци. Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија, соопшти МВР.

Претходна вестВозете внимателно, во првите шест месеци од годинава во сообраќајки загинаа 43 лица
Следна вестСега и Заев и Владата ќе ја решаваат дивоградбата кај „Мавровка“