Централната изборна комисија на СДСМ одлучила дека три од четирите поднесени кандидтури за лидер на партијата ги содржат сите потребни документи и ги исполнуваат сите услови согласно правилатакои беа распишани, соопшти денека Славјанка Петровска на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање до каде е верификацијата на кандидатурите.
Петровска не кажа кои се тројцата кандидати, туку дека кандидатот чија кандидатура не е прифатена е известен за тоа.
Кандидатури поднесоа Фросина Ременски, Димитар Ковачевски, Јован Деспотовски и Властимир Алексовски.