Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на општина Центар изрече 144 мерки, од кои 20 за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила, седум мерки за возење под дејство на алкохол и други останати 104 прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот.