Во Турција пронајден најстариот леб на светот, стар 8.600 години

Турција соопшти дека го открила најстариот леб на светот, кој датира од 6.600 година пред нашата ера.

Во областа Мекан 66 на археолошкиот локалитет Чаталхојук во јужната турска провинција Коња е пронајдена речиси уништена структура на печка, објави Турскиот научно-технолошки истражувачки центар на Ууниверзитетот „Неџметин Ербакан“. Околу печката археолозите пронајдоа пченица, јачмен, семе од грашок и тркалезен „сунѓерест“ остаток со големина на дланка, се вели во соопштението.

Анализите утврдиле дека органскиот остаток е ферментиран леб стар 8.600 години.

-Можеме да кажеме дека ова откритие е најстариот леб на светот. Има отпечаток од прст притиснат во средината, не е печен, но е ферментиран и со скроб внатре. Нема сличен пример за вакво нешто, изјави археологот Али Умут Туркџан, шефот на тимот за ископување.

Според биологот Салих Кавак, анализите откриле хемикалии во растенијата и индикатори за ферментација.

-Биле измешани брашно и вода, а лебот бил подготвен веднаш до печката. Тоа е возбудливо откритие за Турција и светот, рече Кавак.

Органската материја, како и дрвото и лебот биле зачувани од тенка глина што ја покривала структурата.

Претходна вестПедесет повредени откако авион почнал нагло да пропаѓа на линијата Сиднеј – Оукленд
Следна вестНи забранија патување во странство, ама барем државата има меѓународен углед