Во Велика Британија се затвораат илјадници угостителски објекти, поради зголемени трошоци

Во Велика Британија се затвораат илјадници гостилници и кафулиња, поради зголемените сметки за комунални услуги и наем, пишува „Индипендент“ (Independent).

– Угостителската индустрија попушта под тежината на зголемените сметки за струја… Илјадници барови, ресторани и пабови ширум Велика Британија се затвораат трајно, поради превисокиот наем и тековни трошоци, се наведува во написот, врз основа на податоци од Kонсултантската групација ЦГА.

Од јануари до септември 2023 година, се вели, биле затворани над 10 угостителски објекти секој ден. Во истовреме, нивниот вкупен број во Велика Британија падна на помалку од 100.000 – првпат откако се следат овие податоци. Меѓу другите фактори што водат до затворање ресторани на Островот се и зголемените цени на храната и недостигот на работници.

Претходна вестВо БиХ се врши претрес на приватни факултети, издавале лажни дипломи
Следна вестТепачка во скопско, двајца малолетници се повредени со нож