Во заводот за физикална медицина имало „фантоми“, не оделе на работа а земале плата, тврди економската директорка

Организациската директорка на Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Козле, Миранда Шабани, до Министерството за здравство доставила наводи за злоупотреби во Заводот. Шабани, за „Солободен печат“ вели дека во Министерството за здравство пријавила неправилности, односно не сакала да потпише да се подели плата, затоа што на платниот список имало лица кои не доаѓале на работа, а земале плати.

Министерството за здравство попладнево преку соопштение до медиумите извести дека ќе ги разгледа наводите и ќе постапи во согласност со законот.

Од Министерството не откриваат какви злоупотреби пријавила директорката Шабани, но нагласуваат дека таа не е повеќе организациска директорка оти ѝ истекол мандатот, нов нема да ѝ биде даден и ќе биде распределена на друго работно место, пренесува Макфакс.

Претходна вестПрва средба: Државните архиви на Македонија и на Грција подготвуваат заедничка изложба на фотографии
Следна вестПроменливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд