Најмалку 241 лице загинаа во изминатите 24 часа во Појасот Газа, а 382 се повредени, додека шест Палестинци загинаа рано утринава на северот од окупираниот Западен Брег, според Министерството за здравство на Газа предводено од Хамас и Министерството за здравство на Западниот Брег. Најмалку 20.915 Палестинци се убиени, главно деца и жени, во повеќе од 11 недели борби во Појасот Газа, пренесе Би-Би-Си.
Шест Палестинци загинаа рано утринава, а неколкумина се повредени во операција на израелската армија кај Тулкарем на северот на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство, објави „Тајмс оф Израел“.
Како што се наведува, тешко повредените се пренесени во болницата во Тулкарем.
Палестинската новинска агенција ВАФА објави дека израелската армија го нападнала Тулкарем со дрон.
Истовремено, израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека во борбите на северот на Појасот Газа загинале уште тројца војници, со што бројот на израелски војници загинале во Газа на 164.