Воска Спорт го назначи Захариевски за нов тренер

Раководството на Воска Спорт експресно реагираше и, по отказот на Радовиќ, за нов шеф на стручниот штаб го назначи македонскиот стратег Срѓан Захариевски.

Поранешниот предводник на Струга Трим Љум веќе го одработи првиот тренинг со тимот, а нему ќе му асистира Сеит Крека.

– Чест и задоволство ни е да ве известиме дека тимот во наредниот период ќе го предводи тренерот Срѓан Захариевски, стои во меѓудругото на објавата на социјалните мрежи на Воска Спорт.

Захариевски на клупата на новиот тим ќе дебитира на 25 февруари на натпреварот против Силекс во рамките на 20. коло во Првата македонска фудбалска лига. Во својата тренерска кариера 50-годишниот Захариевски уште ги водеше Пелистер и Металург.

Претходна вест50 години Театар „Чекори“ со премиера на претстава по делото „Крај на играта”
Следна вестПоранешниот претседател Иванов на Светскиот форум за демократија во Берлин