Вчера утрото возот кој сообраќал на релација Скопје-Табановце во близина на железничкиот премин кај селото Лопате удрил во комбе. Притоа две лица се повредени.
– Несреќата се случила во 5.50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. Две лице се полесно повредени и пренесени се во Општа болница Куманово. Оштетено е само комбито, додека матерјална штета на пругата нема, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Куманово.
Железничкиот собраќај бил нормализиран во 09.45 часот и функционира редовно и без застој