Возач загина на автопатот кај Демир Капија, со комбе удри во заштитната ограда

Педесет и четиригодишен возач од Скопје трагично го загуби животот во сообраќјна несреќа на автопатот Демир Капија-Гевгелија, после првиот тунел.

Според информациите од полицијата, возачот З.К. вчера, управувајќи комбе со приколка удрил во заштитна ограда.

Починал на лице место.

Извршен е увид, а телото е дадено на обдукција.

Претходна вестНуркач пронашол прстен кој бил изгубен пред 47 години и го изненадил неговиот сопственик
Следна вестМЖСПП ги интензивира активностите за чист воздух: Направена е работна група