Возачите возат пребрзо и без дозвола, ама и пешаците не почитуваат правила – 143 казни во Скопје за еден ден

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден спровела засилени контроли на територијата на град Скопје.

Како што информираат од МВР, изречени биле вкупно 143 мерки, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 15 санкции, девет за возење без возачка дозвола, две санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се и 37 санкции за прекршоци кои ги прават пешаците, осум за користење мобилен телефон и 51 санкција за непрописно паркирани возила.

 

Претходна вестБеа направени толку многу промашувања, што веќе сите сме погодени
Следна вестГрција по повеќемесечен карантин ги отвора трговските центри – но само со најава