Многу лица во Македонија немаат сообраќајна култура и тоа е голем проблем кој треба да се решава. Многу жртви, многу повредени, многу материјални штети има на улиците.
Полицијата секој ден известува за извршени контроли и поделени казни за здивените возачи. Дали е тоа доволна борба со хаосот во сообраќајот? Казни има, но дали се доволни и дали поголемиот процент од прекршителите се казнети?
Завчера биле изречени вкупно 140 возачи при полициските контроли низ Македонија. МВР соопшти дека од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
-Едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 82 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 58 надвор од населено место, се наведува во информацијата.
Слични се бројките секој ден. Дали можеби казните се благи. Дали контролите се нецелосни? Што друго се прави за да се намали ова дивеење на некои од возачите? Дали… прашања има многу. Има и повече органи во државата кои се платени да дадат одговори и да направат сообраќајот во Македонија да биде многу побезбеден.