Воздухот во македонската метропола и утрово беше прекумерно загаден, покажуваат утринските податоци на двете водечки интернет страници кои ги објавуваат податоците за загаденоста на воздухот во светот. Така, според веб-страницата Iqair воздухот во Скопје утринава во 6 часот е нездрав за дишење, а градот е рангиран на 12-то место во светот според загаденоста. Индексот на загадувањето е 163, а најзастапени се штетните ПМ2,5 честички. На граѓаните им се препорачува да носат маски, да не излегуваат надвор и да ги држат затворени прозорците во своите домови.
И интернет страницата waqi.info објавува прекумерно загадување. Така, на пример, во Гази Баба, индексот на загаденоста е 175 и со тоа се дава предупредување дека воздухот е нездрав за дишење. Нездрав воздух е и во Ѓорче Петров каде измерениот индекс е 177…
Со ова воздухот во Скопје е прекумерно загаден веќе неколку дена. Надлежните треба да кажат дали се исполнети условите за преземање на соодветни мерки во вакви ситуации.