ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ

Во пресрет на празниците 1 Мај и Велигден, се очекува зголемување на фрекфенцијата во сообраќајот, патувања на подолги дестинации, излети во природа и дружења со семејството и пријателите.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ви ги честита празниците и упатува апел за внимателно и совесно учество во сообраќајот.

Со цел зачувување на безбедноста на секој учесник во сообраќајот РСБСП советува:

  • почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација,
  • користете сигурносен појас,
  • возете одморени и правете почести паузи, особено кога патувате на подолги дестинации,
  • не управувајте со моторно возило доколку сте под дејство на алкохол,
  • возете со технички исправно возило,
  • прилагодете ја брзината според условите на патот и одржувајте безбедно растојание од другите возила,
  • не зборувајте на мобилен телефон додека возите,
  • внимавајте на секој учесник во сообраќајот.

 

Возете внимателно и одговорно! Безбедноста на секој учесник во сообраќајот е заедничка грижа. СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!

Претходна вестМеѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со протест, се бараат поголеми плати, надомест за превоз и храна…
Следна вестКовачевски го одби условот на Димитриевски: Предавникот не го сакаат дома, уште помалку надвор од дома