Возете внимателно, на патиштата низ Македонија има магла и можни се одрони

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, има намалена видливост од 50 до 100 метри во Тетово, Д. Капија и на планинскиот премин Ѓавато.

AМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестПреспа ли е иднината на туризмот, наместо Охрид?
Следна вестЗошто нема казни за сопствениците кои се изживуваат со коњите?