Темен режим Режим на светлина

Возило удрило и тешко повредило пешак во Скопје

Возило удрило во пешак во Скопје. Имено, на крстосницата од булеварот „Климент Охридски“ со улицата „Кирил и Методиј“ во Скопје, патничко возило „Фиат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (58) од Скопје, удрило во пешакот С.Р. (71) од Скопје.

Од силината на ударот пешакот добил тешки телесни повреди, кои биле констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош.

На местото на незгодата бил извршен увид од увидна екипа од СВР-Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ново прскање против комарци, ќе има ли подобар ефект од претходните?

Следна објава

Скопјани прават фото-албуми од крадци на велосипеди, ги листа ли полицијата?