Ново прскање против комарци, ќе има ли подобар ефект од претходните?

Ќе се прска против комарци во Скопје. Имено, од Град Скопје ги известуваат граѓаните дека четвртата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 10.08.2020 година (понеделник), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Да се надеваме дека ова прскање ќе помогне да ги снема бајаги преживеаните комарци од претходните прскања. Скопјани револтирано дури и прашуваа на социјалните мрежи со што ги прскаат комарците штом ги има во голем број и се многу активни.

Претходна вестФилипче: Се подготвуваат 16 мини инфективни одделенија
Следна вестВозило удрило и тешко повредило пешак во Скопје