Возило удрило во бандера на „Словенечка“, повредени и возачот и сопатникот

Две лица се повредени во сообраќајна незгода што се случи вчера околу 11 часот на бул.„Словенија“ во Скопје.

правувајќи патничко возило „Рено твинго“ со скопски регистарски ознаки, А.Н.(28) од Скопје изгубил контрола и удрил во бандера. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Ф.Д.(21) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестФилипче: Повеќе од 85 проценти од починатите имале и други хронични болести
Следна вестПриведен разбојник кој со закана со нож ограбил маж кај железничката станица